КОМИТИ СКОПЈЕ СЕ МОБИЛИЗИРААТ ЗА ДА ПОМОГНАТ ВО ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРИТЕ
31/07/2024 13:47
Од доцна синоќа на социјалните мрежи се споделува апел за кој се вели дека е од навивачката група „Комити“.
Како што пишува во апелот, збирното место на сите што сакаат да помогнат во гаснењето на пожарите е на излез од Скопје пред една слаткарница.
„Организиран превоз нема, дојдете со автомобили ќе се организираме. Тие што не можат да дојдат, нека донираат опрема и се што е наведено.
-Чизми, маски за лице, капа и шишиња со вода, долги панталони/тренерки (не памучни), лопати, гребла, мокри ќебиња за безбедност“.
ВОНРЕДНО СООПШТЕНИЕ!
Пунктот на Шарлота ќе биде отворен во 16:00ч.
АПЕЛ до сите кои не се во можност, да донираат прскалки како на фотографиите, а покрај тоа секако и метли, гребла и лопати
Секако, потребни се и финансиски средства за купување на одредени производи, меѓудругото и за вода, која во моментов е и повеќе од неопходна!
СТАНИ МАКЕДОНЧЕ-ОВА Е ТВОЈОТ ДОМ!






