MKinformer

your daily dose of news

НА БОГОРОДИЦА СЕ ЧЕКА ПО ДВА ЧАСА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА, СЕ ОЧЕКУВА ГОЛЕМА ГУЖВА ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД

01/08/2024 10:22

Гужвите за влез во Грција и понатаму се големи на граничните премини. Утрово на Богородица, за влез во Грција се чека и до два часа.

Ако се чека по два часа сред недела, можеме да замислиме како ќе биде за време на викендот кој е продолжен поради празникот Илинден.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

error: Содржината е заштитена од копирање !!