MKinformer

your daily dose of news

ДОНИРАЈТЕ! ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН ХУМАНИТАРЕН ПУНКТ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРИТЕ

05/08/2024 10:33

Во Скопје, почнувајќи од денес, ќе функционира хуманитарен пункт за собирање помош за жртвите од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе имаат можност да донираат конзервирана храна, облека, обувки, мебел, душеци и други потребни предмети, кои ќе бидат распределени до приближно 400 домаќинства во околу 30 села. Пунктот се наоѓа покрај „Ист гејт мол“, веднаш до комуналното претпријатије.

Акцијата е во координација на Коалицијата предводена од „Хуманитарни акции.мк“, Конфедерација на Синдикалните организации на Македонија КСОМ и ИПО Интернационална Полициска Организација.

Хуманитарната акција ќе трае неколку дена се со цел подобрување на животот на граѓаните чии домови се опожарени во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донираат и врати и прозорци, што е планиарно за втората фаза од акцијата.

Според организаторите, се водела голема Фејсбук кампања за отворањето на хуманитарниот пункт. Веќе имаат собрано лекови и се надеваат дека за четири до пет дена ќе се координираат сите со автомобили и со комбиња за да ги однесат до семејствата.

Ги повикуваат сите граѓани да дојдат со своите донации, кои потоа ќе бидат однесени до семејствата кои се загрозени од пожарите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!