ВИДЕО: 11 ДЕЦА ОД СКОПЈЕ ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК
06/12/2024 16:47
Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа Тикток, а две од нив се со скршеници на рацете, потврди в.д. директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.
„ Единаесет децата кои се примени се на возраст од 10 до 16 години и сите се од Скопје.“
– Единаесет деца се примени во болницата заклучно со вчерашниот ден до 13 часот. Можно е да има и повеќе деца, но ова е она што ние го имаме како податок за механизам на повреда – вели Настов за МИА.

На новинарско прашање за каков предизвик станува збор, тој објасни дека станува збор за испружување на рацете во стилот на „супермен“ и потоа паѓање на децата.
– Се испружуваат рацете како Супермен. Групата го фаќа и го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Тоа е она што мене ми објаснувале. Не сум видел и не можам да кажам точно. Има и машки и женски деца – додаде Настов.
Тој апелира да не се прават во иднина вакви работи, затоа што може да завршат со посериозни последици.
– За среќа, од овие 11 деца, само две се со скршеници на рацете, другите се со набиеници. Но, ако ова продолжи, може да има пострашни повреди. Доколку детето падне на глава, ќе има потешки повреди – додаде Настов.
На видеото подоле е прикажа предизвикот кои децата се обидувале да го копираат.
@yulia_in_america






