Skip to content
Денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност, а утрото ќе биде многу студено, со температури од минус 9 до 0 степени. Преку денот температурата ќе се движи помеѓу минус 1 и 8 степени.
Во Скопје ќе биде многу студено утрото со можност за појава на магла, а во текот на денот се очекува ниска облачност која попладне ќе ослабне. Температурата ќе биде од минус 3 до 6 степени.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена облачност, а околу Повардарието ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат под нула, а на некои места ќе се спуштат и под минус 8 степени. Во текот на денот температурата ќе биде од 2 до 8 степени.
error: Содржината е заштитена од копирање !!