Барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски одбиено од судот
20/01/2025 13:45
Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, не го прифатил барањето на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо за изземање на судијата Ивица Стефановски од судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Палевски побарал изземање на судијата, наведувајќи дека тој бил пристрасен и необјективен, не му дозволил да ја изнесе правичната одбрана, и не го барал оружјето со кое биле извршени убиствата кај другите обвинети.
Одлуката за одбивање на барањето за изземање беше донесена на 25 декември. Доколку барањето беше прифатено, судењето ќе започнеше од почеток.





