
Министерството за здравство информира дека успешно е завршена инсталацијата на новиот систем за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Системот вклучува три компресори со придружна опрема како резервоари, сепаратори, автоматски одвојувачи на конденз, и други компоненти. Дополнително, извршена е замена на бакарниот цевен развод и монтажата на разводни ормани, согласно европските стандарди и директиви.
Во моментов, системот е во фаза на пробна работа. По завршување на пробниот период, Министерството за здравство ќе одреди време за целосен прекин на снабдувањето со компримиран воздух, со цел поврзување на сите клиники во комплексот. Откако ова ќе биде завршено, системот ќе биде ставен во целосна функција.