MKinformer

your daily dose of news

Сашко Коцев со возило удрил полицаец и побегнал од местото на настанот

28/01/2025 15:58

МВР соопшти дека актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец.

Според информациите од МВР, околу 19:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој се однесувал агресивно и со возилото го удрил полицискиот службеник, по што го напуштил местото на инцидентот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!