MKinformer

your daily dose of news

Министерството за спорт ќе ја поддржи ФФМ за континуиран развој на фудбалот во Македонија

29/01/2025 22:42

Во срдечна и продуктивна средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, и генералниот секретар, Дрилон Ганиу, министерот за спорт, Борко Ристовски, разговараше за важни прашања во врска со развојот на фудбалот во Македонија.

На средбата се разгледуваа клучните теми за понатамошен напредок на македонскиот фудбал, меѓу кои:

  • Финансиската поддршка од државниот буџет за фудбалот и спортот
  • Подобрување на инфраструктурата на стадионите и тренинг центрите
  • Поддршка за младинските селекции

Министерството за спорт изрази силна заложба да ја поддржи Фудбалската федерација на Македонија, нагласувајќи дека фудбалот е од јавен интерес и дека е важно да се обезбедат правични услови за сите клубови и континуиран раст на македонскиот фудбал на сите нивоа.

error: Содржината е заштитена од копирање !!