Пронајден телефонот на исчезнатото момче од Неготино: Семејството бара помош
02/02/2025 11:57
Телефонот на исчезнатото момче Миле Тодоров од Неготино е пронајден, но неговото семејство продолжува да бара помош од надлежните институции за негово пронаоѓање. Мобилниот телефон бил откриен покрај реката Луда Мара, помеѓу Глишиќ и Марена, во близина на локацијата позната како Три багрема, како што објави Фокус.
Тодоров, 28-годишен жител на Неготино, исчезнал на 30-ти јануари. Тој заминал од работното место во Кавадарци околу 8:00 часот наутро, а откако дал отказ, се упатил во непознат правец. Според информации од неговото семејство, најверојатно пеш тргнал од Кавадарци кон Неготино и бил забележан околу 10:30 часот кај селото Марена.


![Три сообраќајки со тешко повредени лица во еден ден – повредени млади возачи во Гостивар, Охрид и Кратово policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



