Кина претстави прототип на супербрз воз кој достигнува брзина до 450 километри на час
03/02/2025 12:30
Кина го претстави новиот прототип на супербрз воз кој достигнува максимална брзина од 450 километри на час, но и со подобрен комфор за патниците. Овој воз може да ги собори сите светски рекорди за брзина, јавуваат американските медиуми.
Возот CR450 претставува значителен напредок во технологијата и посветеноста на Кина кон целта да биде лидер во иновациите во железничкиот транспорт, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Fox News.
Овој супербрз воз се движи со импресивна брзина од 450 km/h, надминувајќи го својот претходник, CR400, кој достигна 350 km/h.
Намалена внатрешна бучава
Ова значително зголемување на брзината беше постигнато, меѓу другото, со употреба на најсовремени материјали како што се композити од јаглеродни влакна и легури на магнезиум.
Притоа, не беше занемарен ниту комфорот на патниците, па во развојот на најновиот супербрз воз беше применета технологија за намалување, која ја намалува бучавата во внатрешноста на возот за два децибели во однос на претходните модели.
Извор:Aljezeera Balkans






