Санторини во страв: Земјотрес од 6 степени би бил катастрофален за островот, но цунами е малку веројатно
03/02/2025 13:22
Во последните 10 дена, земјата во Грција не престанува да се тресе, а жителите на Санторини се наоѓаат во постојан страв и напнатост, бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација, се огласи истражувачот Костас Папазахос, кој за грчките медиуми даде прогнози за потенцијалните последици од земјотресите на овој остров.
„Ова е еден од најнапорните периоди за овој регион. Тоа не значи дека ќе следи силен земјотрес, но постои можност за ослободување на топлинска енергија, што може да предизвика помали земјотреси во Санторини кои ќе траат долго“, објаснува експертот.
„Има сериозна научна технологија која може да процени ризик од земјотреси. Некои сигнали се присутни, но постојат и аспекти кои не можеме да ги предвидиме“, додава тој.
Папазахос нагласува дека земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала или поголем ќе има сериозни последици за островот.
„Во случај на таков земјотрес, штетите ќе бидат забележани во радиус од 225 километри“, вели Костас.
Иако цунами во Грција е малку веројатно, Папазахос посочува дека не е невозможно. Меѓутоа, земјотресите ќе предизвикаат значителни оштетувања на зградите, особено на постарите.
„Тешко е да се предвиди кога точно ќе се случи нешто вакво. Може да трае денови, недели или дури месеци. Некои ситуации траат една недела, додека други може да се продолжат за неколку месеци. Ова е нерационално за предвидување“, вели тој.
Што се однесува до вулканската активност, експертот објаснува дека се работи за две различни природни појави кои се случуваат во близина едни со други. Вулканот во рамките на Калдерата се деформира веќе неколку месеци, што води до мали земјотреси или слаба сеизмичност.
„Оваа појава заслужува внимание, затоа што Цивилната заштита веќе објави соопштение за умерена сеизмичност. Интензивната сеизмичност што ја наблюдаваме сега е втора појава, и тоа значи дека Санторини е изложен на закана од две различни природни појави“, додава Костас.






