
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека за неколку дена започнува изградбата на нова детска градинка во Инџиково.
„Со големо задоволство, сакам да ги известам граѓаните дека потпишав Одлука за избор на изведувач кој ќе го реализира проектот за новата детска градинка во Инџиково. Изградбата започнува за неколку дена. По многу години, жителите на Инџиково ќе добијат детска градинка, а јас го исполнувам уште едно ветување дадено на граѓаните!“ – напиша Стефковски на својот фејсбук профил.
Ова е втора детска градинка која се гради во Гази Баба за помалку од една година, а градоначалникот нагласи дека не ќе биде последна нова градинка во општината.