MKinformer

your daily dose of news

КУРТИ СЕ ФАЛИ, ГРЕНЕЛ ГО СПУШТИ НА ЗЕМЈА: Односите меѓу САД и Косово никогаш не биле полоши

07/02/2025 16:50

Курти во интервју за косовските медиуми истакна дека односите помеѓу Косово и САД во моментот се на највисоко ниво од прогласувањето на независноста.

Ричард Гренел на социјалната мрежа Икс посочи дека косовскиот премиер Аљбин Курти го осудувале и првата администрација на Доналд Трамп, администрацијата на Џозеф Бајден, НАТО, Европската Унија и други.

Курти претходно за приштинските медиуми изјави дека односите меѓу Косово и САД се на најдобро ниво досега.

„Заблуда“, како наслов на својата објава напиша Гренел.

Односите никогаш не биле на пониско ниво. Албин Курти го осудуваа првата администрација на Трамп, администрацијата на Бајден, НАТО, ЕУ, Амбасадата на САД, Ентони Блинкен итн“, напиша Гренел на Икс.

error: Содржината е заштитена од копирање !!