MKinformer

your daily dose of news

Домаќинствата што добиле повисоки сметки за струја треба да побараат корекции од ЕВН

08/02/2025 10:04

Домаќинствата кои добиле повисоки сметки за струја за месец јануари поради префрлување во четвртиот тарифен блок, треба да побараат корекции, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од РКЕ велат дека компанијата ЕВН Хоме е обврзана да ги коригира сметките и да направи соодветна распределба по блокови во согласност со просечната потрошувачка на домаќинствата во последните три пресметковни периоди.

Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или ако не добие одговор во законскиот рок од 8 дена, има право да поднесе приговор до РКЕ како второстепен орган. При поднесување приговор не е потребен посебен формулар, но треба да се приложат: копија од поднесениот приговор до ЕВН Хоме, одговорот од компанијата и копија од сметката која се оспорува.

Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски на е-поштата: erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk.

Од 1 јануари 2025 година, цените на струјата за просечна потрошувачка во сите четири тарифни блокови се зголемени за помалку од 1%, односно 0,92%. Цената во првиот блок е зголемена за 0,68%, додека во вториот блок за 0,90%.

error: Содржината е заштитена од копирање !!