Чистење на шест клучни локации во Центар: Тимска работа за уредување на јавните простори
10/02/2025 9:47
Општина Центар реализира голема акција за чистење, при што истовремено се работи на шест различни локации низ општината. Во рамките на акцијата „Центар не чека, Центар чисти”, јавните површини во централното градско подрачје добиваат нов сјај благодарение на тимската работа на општинските служби и поддршката од граѓаните.
Чистењето обухваќа повеќе локации, меѓу кои:
– Зелено Пазарче, кај Градски Ѕид; – Паркингот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар”; – Паркингот кај Министерството за внатрешни работи; – Депонијата позади трговскиот центар „Буњаковец”.
Акцијата денес опфаќа и следниве површини:
– Паркот кај Домот на АРМ, позади споменикот „Мајка Тереза”; – Реонот околу Зелено Пазарче; – Плочникот и клупите кај Градски Ѕид; – Паркингот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар”; – Паркингот кај Министерството за внатрешни работи; – Депонијата позади трговскиот центар „Буњаковец”.
Со ангажман на механизација и рачна работа, се отстрануваат отпадоци, се санираат оштетени површини и се враќа чистиот изглед на овие фреквентни јавни простори.
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изјави: „Денес покажуваме дека Центар е синоним за акција и грижа за заедницата. Шест локации во еден ден значат шест големи чекори напред кон чиста, уредна и здрава средина. Акцијата ќе продолжи и ќе се проширува во текот на пролетта со генерални акции за чистење во училиштата, градинките и секое ќоше на општината. Верувам дека граѓаните ги препознаваат напорите и помагаат, пред сè, со тоа што внимаваат на животната средина и не фрлаат ѓубре. За чист Центар, потребно е сите да дадат поддршка”, рече Герасимовски.
Центар не само што чисти, туку и поставува стандарди за другите општини кои во последниве денови започнаа со слични акции.








