Убиство и повреда во Топанско поле: Престрелка поврзана со криминални банди
11/02/2025 10:44
Х.Б. е убиен, а уште едно лице било повредено при вчерашната престрелка во Топанско поле во Скопје, која, според неофицијални информации, е поврзана со пресметка меѓу криминални банди. Повреденото лице е во стабилна состојба.
Неофицијално се наведува дека таткото на убиеното лице е член на ДУИ и бил директор во некоја од инспекциските служби. Од МВР сѐ уште нема официјални информации во врска со инцидентот.






