MKinformer

your daily dose of news

Убиство во Скопје

01/01/2026 14:57

Во текот на вчерашната ноќ во Скопје е убиен турски државјанин, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според неговата изјава, во инцидентот учествувала поголема група лица, а при нападот било употребено ладно оружје – нож.

„Во конкретниот кривично-правен настан имаме едно лице кое починало и едно лице кое е потешко повредено“, изјави Тошковски.

Повреденото лице е хоспитализирано и му се укажува лекарска помош, додека истрагата за утврдување на сите околности е во тек.

Истражните органи, како што информира министерот, имаат едно осомничено лице, кое во моментов е во бегство. Поради интересите на истрагата, не се соопштуваат дополнителни детали.

Од Министерство за внатрешни работи најавуваат дека јавноста ќе биде информирана штом ќе има нови официјални информации.

error: Содржината е заштитена од копирање !!