MKinformer

your daily dose of news

УАПСЕН НАРКОБОС ОД МАКЕДОНИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО ЖЕНЕВА, ПАТУВАЛ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ ИЗРАБОТЕНИ КАЈ НАС

14/02/2025 13:04

Швајцарскиот портал „Блик“ објави дека 30-годишен Македонец, осомничен дека е водач на наркомафија што дејствува низ средна Европа, бил уапсен на аеродромот во Женева на 29-ти јануари, по што бил екстрадиран во Австрија.

Според австриските истражни органи, уапсениот бил баран со европска потерница од 2022 година, под сомнение дека организирал шверц на најмалку четири килограми хероин и 1,5 килограми метамфетамин. Јавното обвинителство во Линц го смета за клучен член на регионална мрежа за дистрибуција на дрога.

Македонскиот наркобос, чиј идентитет не е објавен, долетал од Приштина и имал нови документи направени во Македонија, со сменето име. Но, швајцарските гранични власти успеале да го идентификуваат според лицето, препознавајќи го од потерница.

Осомничениот наркобос бил експресно испорачан во Австрија, а заедно со него биле уапсени уште неколкумина поврзани луѓе, пишува швајцарскиот портал.

error: Содржината е заштитена од копирање !!