ДЕЛ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ДЕНЕС БЕЗ ВОДА
14/02/2025 16:17
ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информира дека поради уличен дефект на ул. „Смилевска“ бр.16 денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците „Смилевска“, „Радушка“, „Гостиварска“ и дел од „4 јули“, во општина Ѓорче Петров.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне од 10:30 часот до завршување на дефектот.
МИА

