MKinformer

your daily dose of news

Пожар во Неготино: Изгорени два објекта, екипите на терен до раните утрински часови

16/02/2025 11:18

Противпожарните екипи на Гостивар од 00:45 часот, составени од 9 пожарникари и три возила, интервенирале синоќа на опожарен објект во село Неготино, општина Врапчиште, каде што изгорел магацин за производство на полиестер. Според информациите на Центарот за управување со кризи, се работи за објект кој се состои од три згради: два се целосно уништени од огнот, додека третиот е делумно оштетен. Пожарникарите од ТППЕ Гостивар побарале помош од ТППЕ Тетово, кои испратиле четири пожарникари и едно противпожарно возило. Интервенцијата на терен продолжила до 04:00 часот.

Од Итната медицинска помош во Гостивар информираат дека еден од пожарникарите се повредил при пад од скали и бил пренесен во Ургентниот центар на Клиничката болница во Гостивар. Пожарот бил локализиран околу 05:30 часот, но на терен сè уште има жар и чад, па екипите од ТППЕ Гостивар продолжуваат со гаснењето на остаточните жаришта. Причините за пожарот засега не се познати.

error: Содржината е заштитена од копирање !!