Ски-центарот „Попова Шапка“ организира прослава за независноста на Косово, јавноста со бурни реакции
17/02/2025 22:25
Ски-центарот „Попова Шапка“ го прославува празникот на независноста на Косово, следејќи го примерот на тетовскиот градоначалник Биљал Касами. Во објава на Фејсбук, тие најавија организирање на прослава по повод 17 февруари, Денот на Независноста на Косово, иако станува збор за државен ски-центар.
Во објавата, напишана на албански јазик, се вели: „Прославуваме Независноста на Косово на Попова Шапка. По повод 17-ти февруари, Денот на Независноста на Косово, организираме супер прослава за вас!“
Се најавени попусти и настани за посетителите: „30% попуст на ски билети и многу повеќе! Од 12:30 до 15:00, Ski Kafe “GE” ќе ве забавува со живо музичко изведување од Луле Ибрахими и Ветон Сопоти. Од 18:00 до 21:00, уживајте во ноќно скијање и енергична атмосфера со музика од DJ Lil Miss на Ski Kafe “Два Седишта”. Придружете ни се и станете дел од најголемата прослава на Попова Шапка!“
Овој настан предизвика различни реакции во јавноста, бидејќи се одбележува национален празник на друга држава, а станува збор за државен ски-центар.







