MKinformer

your daily dose of news

Министерството за здравство предлага носење на маски во болниците и забрана за посети на пациенти

17/02/2025 21:46

Доктор Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, истакнува дека оваа година грипот има поблаг тек, што ја прави помалку сериозна во однос на претходните.

Министерството за здравство издаде препораки за ограничување на посетите на хоспитализирани пациенти и задолжително носење маски и одржување дистанца во болниците и клиниките, како мерки за спречување на ширењето на грипот. Овие мерки се донесени по препорака на Комисијата за заразни болести.

Според Комисијата за заразни болести, нема потреба за воведување дополнителни мерки за заштита, бидејќи болничките капацитети не се преоптоварени и бројот на новозаболени се стабилизира. Сепак, тие ќе продолжат да ја следат ситуацијата во земјата.

Министерството за здравство нагласува дека предложените мерки се клучни за заштита на пациентите и здравствените работници, особено со оглед на актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на врвот на сезонскиот грип.

Доктор Петличковски во изјава за ТВ Сител изјави дека ситуацијата е под контрола и нема оптоварување на болничките капацитети. Иако има зголемување на бројот на заболени пациенти кај матичните лекари и на клиниките за деца, тој додава дека тоа е очекувано за овој период. Засега, не се размислува за дополнителни мерки.

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 3 до 9 февруари, пријавени се 2.880 новозаболени случаи на грип или болести слични на грип, што претставува намалување од 5,1% во однос на претходната недела.

ИЈЗ препорачува да се избегнува престој во простории со многу луѓе, а особено да се избегнува близок контакт со лица кои се болни или сомнителни, односно оние кои кашлаат, киваат или имаат покачена температура.

error: Содржината е заштитена од копирање !!