„Визер“ ја укинува линијата Скопје-Будимпешта
20/02/2025 16:41
„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, што е седма линија што компанијата ја повлекува во последната година. Од јануари 2025 година, „Визер“ веќе престана да ги изведува летовите за Салцбург и Бремен, додека ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.
Причината за укинувањето на оваа линија не е официјално соопштена, ниту е познато дали ќе биде обновена со зимскиот ред на летање.
Во меѓувреме, „Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација. Министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија.





