ФФМ ја лансира новата онлајн платформа за продажба на билети
06/03/2025 9:46Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја стави во употреба својата нова онлајн платформа за продажба на билети за натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. Платформата eticket.ffm.mk е дизајнирана да овозможи побрз, побезбеден и поедноставен начин за купување на билети, како за домашните натпревари, така и за натпреварите на репрезентацијата.
Со новата платформа, навивачите и сите поддржувачи на македонскиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку интернет, без да мораат да се соочат со физички редови и компликации при купувањето.
Процесот на купување е едноставен и се состои од само пет чекори:
- Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;
- Изберете го натпреварот на кој сакате да присуствувате;
- Одберете седиште;
- Извршете уплата преку сигурни и брзи методи;
- Преземете го дигиталниот билет на вашиот мобилен телефон или компјутер.
Електронската платформа е достапна на три јазици: македонски, албански и англиски, што ја прави прифатлива и за странските навивачи. Преку платформата, навивачите добиваат предности како што се пристап до билети пред другите, можност за купување на дигитални и мобилни билети, како и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.
ФФМ апелира до сите фудбалски љубители да ја искористат оваа иновација и да бидат дел од позитивната атмосфера на домашните натпревари на Македонија.






