MKinformer

your daily dose of news

УШТЕ ЕДНА СОНЧЕВА И ТОПЛА НЕДЕЛА, ТЕМПЕРАТУРИ ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ

10/03/2025 8:56

Оваа недела во периодот од 10 март, па се до 17 март, Македонија и понатаму ќе биде под влијание на невообичаено топла воздушна маса за овој период од годината, и истата продира од југ кон нашите делови од Европскиот Континент. Температурите ќе бидат во понатамошен пораст, како минималните утрински, така и максималните дневни температури на воздухот.

Максималните дневни температури на воздухот во текот на оваа седмица речиси насекаде ќе се искачуваат околу 20 степени, а на многу места тие ќе надминуваат и 20 степени, во делови од Македонија тие ќе се искачат до околу 25 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повторно може да надминат дури и 25 степени. Во овој период ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 75 км/час).

Понеделнички ќе се задржи стабилно и суво, додека од вторник попладне, па се до четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи. Не се исклучува можноста во ваква ситуација процесите да бидат  и во форма на невреме, односно поинтензивни.

И во Скопје  и околината ќе имаме многу слично време како и во останатите предели, невообичаено топло време со температури до околу, па и над 25 степени. Од вторник до четврток ќе има услови за повремен локален дожд, во делови од котлината тој може да биде пороен и проследен со грмежи. И во Скопје за време на споменатиот период ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!