MKinformer

your daily dose of news

Повредените од пожарот се лекуваат на неколку клиники во Скопје

16/03/2025 10:24

Пожарот што се случил околу 3 часот наутро, а се претпоставува дека причината била употребата на пиротехнички средства за време на концертот на групата ДНК, на кој присуствувале околу 1.500 луѓе. По избувнувањето на пожарот, се создаде паника и стампедо за излез.

18 лица се на лекување во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, додека 8 се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија. Повеќето од повредените се пренесени во болниците во Кочани и Штип. Клиниката за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега примила 27 повредени лица, кои се во тек на обработка, информираше директорот д-р Небојша Настов.

На снимките од концертот, споделени на социјалните мрежи, може да се види како по пламени прскалки на сцената започнува да гори конструкцијата на таванот, која многу брзо се разгорува. Обидите да се изгаси пожарот со противпожарни апарати не биле доволни, а на микрофон се слуша упатството „Излезете сите“.

Дискотеката „Пулс“ во Кочани, која пред три и пол месеци прослави 12 години од своето постоење, во минатото била домаќин на настапи на бројни македонски и регионални артисти, меѓу кои Антониа Гиговска, Влатко Лозаноски, Тајзи, Бени, „Нон стоп“, „Нокаут“ и други.

Еден од членовите на групата „ДНК“ е на домашно лекување по пожарот, додека останатите членови се на лекување во болниците во Скопје и Штип.

error: Содржината е заштитена од копирање !!