MKinformer

your daily dose of news

Владата и МВР реагираат *откако* ќе се случат трагедии, наместо да преземаат мерки за да ги спречат.

16/03/2025 17:00

„Требаше да има тешка сообраќајка за да се воспостави контрола во сообраќајот; сега тежок пожар за да се контролираат објектите… ќе чекаме пак да падне авион, да потоне брод… гробница од држава!“, напиша професорот Гордан Калајџиев кој рече дека се чека трагедија за да се преземат мерки.

Трагедијата во Кочани е доказ дека Владата реагира само откако ќе се случат трагедии, а не презема превентивни мерки за да ги заштити граѓаните и да спречи вакви настани.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е на својата позиција веќе 14 месеци, а не може да ја преземе одговорноста за функционирањето на дискотеката без лиценца, за спроведувањето на пиротехничко шоу без дозвола и надзор, како и за организацијата на настан со 1500 луѓе без присуство на пожарна и брза помош во близина.

Тошковски призна дека синоќа во дискотеката во Кочани била извршена контрола од страна на полицијата, при што животот го загуби и еден полицаец. Сепак, и покрај контрола на дрога и малолетни лица, не биле пријавени неправилности, иако помеѓу загинатите и повредените има токму и малолетни лица.

error: Содржината е заштитена од копирање !!