MKinformer

your daily dose of news

Уапсени последните тројца градоначалници на Кочани, Папазов, Димитровски и Илијев

20/03/2025 21:01

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство во Кочани, во рамки на истрагата за пожарот во клубот „Пулс“, кој однесе 59 животи. Според соопштението од Јавното обвинителство, акцијата ќе трае и во текот на ноќта, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на акцијата утре.

Како што се наведува, во текот на акцијата, приведени се поранешните градоначалници на Кочани: Николчо Илиев, Ратко Димитровски и Љупчо Папазов.

Љупчо Папазов, кој по пожарот поднесе неотворлива оставка, беше сослушан на 17 март пред обвинител во ОЈО Кочани. По неговиот распит, обвинителството изјави дека ќе се споредат неговите искази со доказниот материјал, како и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот статус во понатамошната постапка.

Ратко Димитровски, кој беше градоначалник на Кочани од 2009 до 2017 година, и Николчо Илиев, кој ја обавуваше оваа функција од 2017 до 2021 година, исто така се дел од акцијата која ја спроведува полицијата.

Очекувањата се дека обвинителството ќе даде повеќе информации по завршувањето на акцијата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!