MKinformer

your daily dose of news

Денес се празнуваат Светите славни четириесет Битолски Преподобномаченици

22/03/2025 8:58

Свети 40 Битолски Преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век. Тие се жртви на османлиската освајачка власт, која ја зазела Битола во тој период. По освојувањето, 39 монаси и свештеници биле заробени од страна на Османлиите и задржани во ропство.

Меѓу заробените, еден муслимански преведувач, под влијание на христијанските светители, преминал во христијанство, па така бројката на мачениците се зголемила на 40. На деветтиот ден од месецот март 1384 година, сите 40 биле погубени на Баирскиот рид во Битола.

Тие станаа симбол на христијанската верност и храброст, и денес се почитуваат како маченици и светители. Канонизацијата на Свети 40 Битолски Преподобномаченици ја потврдува нивната вечна улога во историјата на македонската црква и култура.

error: Содржината е заштитена од копирање !!