Времето денеска променливо облачно и дождливо време во следните денови
22/03/2025 8:38
Денешното време ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот се очекува зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Според УХМР, во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер.
Во наредните денови, се очекува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, а особено интензивни процеси се најавуваат за следната седмица, кога се очекува поголема количина на дожд (над 20 литри на квадратен метар). Во текот на следните денови, ќе дува умерен до засилен, а понекогаш и силен јужен ветер, кој може да достигне брзини над 60 км/час.






