MKinformer

your daily dose of news

КЕШИШЕВ СЕ ПЛАШИ ДА СВЕДОЧИ ПРЕД ПАЛЧО, ПАЛЕВСКИ ОТСТРАНЕТ ОД СУДНИЦАТА

02/04/2025 11:26

Обвинетиот Влатко Кешишев кој практично му служел на Љупчо Палевски во партиското седиште, преку неговиот бранител денеска побара да не сведочи пред првообвинетиот бидејќи се плаши од него, а адвокатот се сомнева дека ќе ја зборува вистината доколку Палевски е присутен во судницата. -И претходно преку присилената изјава во затворот од страна на првообвинетиот беше исзвршено влијание врз мојот клиент со подметнување на посмена изјава  и поради тоа е оправдан неговиот страв.

На ова барање одбраната на Палевски се спротивстави бидејќи  би му се ускратило правото да фаќа прибелешки од исказот на Кешишев за потоа да му поставува прашања. – Може со грб да биде свртен додека зборува, мене ми е важно што ќе изјави Кешишев, рече Палевски.

Сепак Судот донесе одлука да биде отсранет Палевски, по што полицијата го изнесе надвор од судницата. Одлуката судијата ја објасни со присилената изјава која Палевски му ја подметна на Кешипев да ка потпише дека е негова бо полициското комбе.  Неговиот адвокат Јовица Страшевски обвини за хајка и побара психијатриско вештачење за Кешишев да се утврдело дали Кешипев бил под страв. Судот го одби ваквото барање на одбраната на Палевски а во моментов почна исказот на Кешишев.

error: Содржината е заштитена од копирање !!