Студено и ветровито време, со слаб снег во текот на денот
07/04/2025 8:20
Во текот на денот се очекува студено и ветровито време, со засилен северен ветер кој ќе достигнува брзини од над 70 километри на час. Во некои делови на земјата ќе има услови за провејување на слаб снег, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови времето ќе остане стабилно и ветровито, со температури кои ќе бидат пониски од вообичаеното.
Минималната температура ќе се движи во интервалот од -4 до 1 степен, додека максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и студено, а ќе дува умерен северен ветер, кој понекаде ќе биде засилен. Минималната температура во главниот град ќе падне до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.






