Студени денови пред нас: Стабилно, но со засилен северен ветер за викендот
26/12/2025 11:22
Според најавите на синоптичарите, утрото во земјава започнува со облачно време, а во крајните југозападни делови постојат услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, додека ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури се движат од -1 до 5 степени, а дневните максимални ќе достигнат од 4 до 10 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне 6 до 7 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно, но студено време, при што утринските температури насекаде ќе бидат под нулата. За време на викендот се најавува засилен до силен северен ветер, кој локално може да надмине 60 километри на час, особено долж Повардарието.
Најстудено утрово е измерено на Попова Шапка со -4 степени, додека -1 степен е регистриран во Маврови Анови и Крушево. Нулта температура е измерена во Берово и Лазарополе, 1 степен во Крива Паланка, 2 степени во Скопје – Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 степени во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и Скопје – Петровец, 4 степени во Струмица, Охрид и Демир Капија, додека најтопло утрово било во Гевгелија со 6 степени.
УХМР најавува дека попладне облачноста постепено ќе се намалува, а ветерот повремено ќе засилува, особено во централните и јужните делови од држава




