MKinformer

your daily dose of news

Христијаните денеска го слават Вториот ден на Велигден

21/04/2025 9:56

Христијаните денеска го одбележуваат Вториот ден на Велигден, познат и како Велигденски понеделник, со кој започнува Светлата недела – период кој се смета за продолжение на самиот празник Велигден.

Овој ден е исполнет со радост, гозби и собири. Традиционално, на Велигденски понеделник домаќини се роднини, кумови, соседи и пријатели. Во многу краишта се организираат поворки кои со бавно темпо поминуваат низ селата и градовите, пеејќи тропари посветени на Богородица.

На некои места, денешниот ден се нарекува и Косен понеделник, според народниот обичај да се посетуваат и уредуваат гробовите на починатите роднини. Се пали свеќа, се оставаат бојадисани јајца и се украсуваат гробовите, како знак на сеќавање и почит.

Вториот ден од Велигден е неработен ден во Македонија, а православните верници продолжуваат со традиционалниот поздрав:
„Христос воскресе – Навистина воскресна“, кој се користи сè до празникот Спасовден.

error: Содржината е заштитена од копирање !!