MKinformer

your daily dose of news

Пожарот на ерусалимските ридови е ставен под контрола, уништени се приближно 5.000 хектари земја

01/05/2025 19:41

Пожарот на ридовите кај Ерусалим е ставен под контрола по повеќе од 24 часа, соопшти денес Противпожарната и спасувачка служба.

Во соопштението се вели дека пожарникарите ќе продолжат да го гаснат пожарот во наредните часови за да спречат избувнување на нови пожари, објави „Тајмс оф Израел“.

Противпожарната служба соопшти дека отворила истрага за причината за пожарот.

Еврејскиот национален фонд претходно денес соопшти дека пожарот уништил околу 5.000 хектари земја, од кои околу 3.000 хектари биле шуми.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека досега се уапсени 18 лица под сомнение дека предизвикале шумски пожари во предградие на Ерусалим.

Нетанјаху рече дека еден од осомничените бил фатен на дело како го подметнува пожарот.
За потсетување, вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи вонредна состојба поради пожарите што избувнаа во близина на Ерусалим.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!