Најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка
10/05/2025 20:29
Зоран Ставрески и Трајко Славевски се меѓу најсериозните кандидати за нов гувернер на Народната банка, со оглед на претстојниот истек на мандатот на актуелната гувернерка Анита Бежоска-Ангеловска на 22 мај.
Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај.
Според партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ, Ставрески е во водство на внатрешната анкета, а веднаш зад него е Славевски. Како потенцијални имиња се споменуваат и други економски експерти, меѓу кои и Маја Кадиевска Војновиќ, член на Надзорниот одбор на КИБС и Стопанска банка Битола. Предлогот за наследник на Бежоска-Ангеловска денес треба да го достави до Собранието претседателката Гордана Силјановска-Давкова, а во текот на утрешниот ден се очекува да се одржи пленарна седница на која би требало да биде изгласан предлогот






