MKinformer

your daily dose of news

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СЕПАК НЕ ИСПРАТИЛА ПРЕДЛОГ ЗА ГУВЕРНЕР ДО СОБРАНИЕТО

19/05/2025 16:19

Викендов како што посочи, имала разговори со тројцата потенцијални кандидати, сегашната гувернерка Анита Ангелоска Бежоска, поранешниот министер за финенсии Зоран Ставрески, неговиот претходник и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Сиљановска вели потребни и се уште неколку дена да ја донесе конечната одлука бидејќи станувало збор за тројца исклучително искусни кандидати.

„Причината е мојот долг плоден разговор со тројцата потенцијални кандидати сите се извонредни ме започнаа со она што го правеле во животот со биграфиите, дополнително ќе ги достават, кога разговарате со секој од нив по час, час и половина во голема дилема сте….“ -изјави Гордана Сиљановска Давкова – претседател на државата.

Ова значи дека на утрешната собраниска седница нема да се гласа за нов прв човек на НБРМ, како што досега се најавуваше, но иако 7 годишниот мандат на Бежоска истекува на 22 мај, тоа нема да го доведе во прашање работењето на институцијата, бидејќи согласно закон, се до избор на нов гувернер, Бежоска ги има истите овластувања.

„Член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги исполнува истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. “- Закон за НБРМ – член 55, став 3.

Премиерот Мицкоски во изјава за медиумите денеска посочи дека деновиве ќе има нова средба со Сиљановска, по што очекува до крајот на неделава претседателката да има конечен предлог, и уверува дека немаат несогласувања околу ова прашање.

-Знам дека имаше одредени консултации во текот на викендот претседателката. Претпостауввуам дека деновиве треба уште еднашка да се видиме да поразговараме и потоа сум сигурен дека до крајот на неделата или во рамките на оваа недела ќе биде испратен предлогот за нов гуверенер…“ –изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

error: Содржината е заштитена од копирање !!