MKinformer

your daily dose of news

Кривопаланчанецот кој влечеше куче врзано за автомобил, во обид да се оправда

12/05/2025 21:28

Како веќе што пишувавме, кривопаланчанецот А.А. (23), доби кривична пријава според член 233 од Кривичниот Законот за благосостојба на животни, поднесена од МВР.

Имено откако во јавноста се појави видео на кое се гледа како кучето трча врзано за автомобил во движење, полицијата отвори истрага за случајот и кривопаланчанецот А.А. кривично ќе одговара.

Се води истрага поради сомнение дека сторил кривично дело „мачење животни“, по член 233 од Кривичниот законик за благосостојба на животните.

Од Здружението за заштита на животните „Happy Paws“-Крива Паланка и Ранковце разговараа со сторителот на делото, на негово барање кој јавно се извини и појасни дека кучето само излегло од возилото, а тој не можел да го запре возилото бидејќи возел на автопат. Нешто што при пријавување во полициска станица, инспекторот кој ја примал пријавата, однаперд знаел какво ќе биде оправдувањето.

Здружението за заштита на животните „Happy Paws“, кое и го објави видеото со влечење на кучето, го напиша следново:

„Мора вака да се чепка пошто е долго. Еве ви абдејт за ситуацијата. Секоја приказна има две страни… наше е да дадеме простор и на другата страна да биде слушната. Сите ние активисти некогаш сме ббиле почетници и со грешки. Важно е дека кучето е во добра состојба за разлика додека беше на улица жив костур и сите го бркаа само поради фактот што беше Питбул не му се даваше шанса. Овие дечки го вдомиле пред месец и нешто, чипиран, вакциниран. Нашето е завршено до тука. Другото е на МВР и АХВ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!