MKinformer

your daily dose of news

ХАВАРИЈА ВО ПИНТИЈА

15/05/2025 18:55

Во скопската населба Пинтија во општината Кисела Вода, попладнево се излеала „непозната црна течност“, соопшти МВР.

Според Град Скопје, од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес. На местото се противпожарни екипи кои се обидуваат да го изолираат инцидентот, а инспекторите од Град Скопје веќе изготвиле записник за хаваријата. Засега не се соопштува за каква истечена хемикалија се работи и колкава е опасноста за жителите на Пинтија. Покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот. Градот апелира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Општина Кисела Вода под чија надлежност е објектот да постапат согласно надлежностите.

„Со инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице „Екопор“ не преземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес. За овој објект кој е под надлежност на Општина Кисела Вода апелираме до Општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и ресорното Министерство со цел санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата“, наведуваат од Град Скопје.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!