Мицкоски: Влашката зaедница има значајна улога во градењето на Македонија
23/05/2025 14:07Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите.
Тој вели дека влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија.
-И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата. Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните. Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.
Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации.
Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа.
Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство.
Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите, пишува во честитката.




![Cлeднaтa нeдeлa пoвтopнo ќe oдмapaмe: Дo кpajoт нa мaj yштe eдeн cпoeн викeнд, a пoтoa cпoeн викeнд ни cлeдyва и вo jyни makedonsko_zname[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/makedonsko_zname1.jpg)

