Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци
30/05/2025 9:47
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
– Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)



![НАСИЛА ЈА ОДНЕЛ ВО ВИКЕНДИЦА, ЈА ТЕПАЛ СО ШАМАРИ, КЛОЦИ И ТУПАНИЦИ, СЕГА Е ВО БЕГСТВО semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)