MKinformer

your daily dose of news

10 убоди со нож добила битолчанката, мајка на четири деца која вчера беше убиена од сопругот

15/05/2026 9:05

Нови детали излегуваат на виделина за убиството во Битола, каде жртва е жена, мајка на четири малолетни деца.

Од Основното јавно обвинителство Битола информираа дека е поведена истражна постапка против 33-годишен битолчанец. Тој е осомничен за убиство при вршење семејно насилство.

Според Обвинителството, осомничениот ја лишил од живот својата поранешна вонбрачна партнерка, со која имал четири заеднички деца.

Како што наведуваат од ЈО, тој утрото влегол во куќата во која живеела жената, откако претходно се уверил дека нејзиниот татко не е дома.

Жртвата во тој момент спиела. Според истрагата, осомничениот ѝ нанел десетина убоди со нож, од кои таа починала на лице место.

Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за мајка на четири деца и за убиство што обвинителството го квалификува како семејно насилство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство.

Истрагата за случајот продолжува.

error: Содржината е заштитена од копирање !!