MKinformer

your daily dose of news

(Видео)И ВО КИЧЕВО СЕ ИСТУРАШЕ ЃУБРЕ ПРЕД ОПШТИНАТА

30/05/2025 7:37

Поради нерешавањето на проблемот со дивата депонија, жителите на Кичево, како што претходно најавија, изразија револт со тоа што пред зградата на општината истурија комунален отпад. Со овој чин сакаа симболично да им покажат на општинските власти како изгледа кога отпадот се фрла неконтролирано во нивна близина, предизвикувајќи неподнослива миризба и загадување во населбите.

„Го исполнивме ветувањето – реагиравме затоа што ЈП ‘Комуналец’ и Општина Кичево не преземаат ништо во врска со долготрајниот проблем со дивата депонија. Ако ние секојдневно живееме со смрдеата на отпадот, тогаш и општинарите треба да почувствуваат што значи тоа“, изјави Бојан Мишкоски од организацискиот одбор на протестите.

Тој најави и нова фаза од протестот – формирање на групи од најмалку 21 лице кои ќе ја блокираат депонијата и ќе спречат влез на комуналните возила. Притоа упати повик до сите граѓани да се приклучат и да помогнат во оневозможувањето на понатамошно истурање на отпадот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!