MKinformer

your daily dose of news

ПАДНА КРАН ВРЗ ОБЈЕКТ ВО ГРАДБА ВО БИТОЛСКАТА КАСАРНА, ИМА ПОВРЕДЕНИ

31/05/2025 15:40

Кран висок повеќе метри паднал врз објект во градба во битолската Касарна. Од СВР Битола потврдија дека несреќата се случила попладнево околу 14 часот и дека има повредени. Полицијата не даде бројка колку лица се повредени и за какви повреди се работи.

Од Битолската болница ни изјавија дека досега нема донесено повредени. За време на несреќатана објектот работници изведувале градежни работи.

Кранот оштети и дел од објектот во градба. На просторот од старата битолска касарна се гради комплекс згради и трговски центар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!