ТЕПАЧКА НА ПАРТИЗАНСКА КАЈ ХОТЕЛ „КАРПОШ“ ЕДНО ЛИЦЕ ПРОБОДЕНО СО НОЖ
02/06/2025 19:00
Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се случила пресметка помеѓу групи малолетници, при што еден ученик бил повреден со остар предмет и пренесен во болница. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот започнал со вербална расправија која потоа прераснала во физичка пресметка.
„Од ГОБ ‘8 Септември’ ни е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник – ученик во средното училиште ‘Ѓорги Димитров’, кој се здобил со убодна рана во угостителски објект на подрачјето на Карпош, при конфликт помеѓу две ученички групи“, соопштија од МВР.
Полицијата работи на расчистување на случајот и идентификација на учесниците во инцидентот.






