Дали Зијадин Села се плаши од една изборна единица, па е против тавите избори?
04/06/2025 14:07
Зијадин Села, еден од тројцата лидери на различните фракции во Алијансата за Албанците и дел од коалицијата „Европски фронт“, изрази несогласување со предлогот за воведување изборен систем со една изборна единица за парламентарните избори. Според него, ваков модел би им нанел штета на Албанците.
„Албанците не живеат во источниот дел од државата и затоа процесот таму не може да се надгледува соодветно“, изјави Села пред Собранието.
Наместо тоа, тие предлагаат задржување на осумте изборни единици. Села се согласува со идејата за отворени листи, бидејќи на тој начин граѓаните ќе имаат можност сами да ги избираат своите претставници, наместо тоа да го прават партиските лидери.
Во врска со локалните избори и прашањето за кандидати во рамки на коалицијата, Села вели дека се водат внатрешни дискусии. Сепак, тој очекува во општина Струга кандидатот за градоначалник да биде од редовите на Алијансата за Албанците.
„Во спротивно, која би била смислата од нашето учество во Европскиот фронт?“ додаде Села.






