ТЕПАЧКАТА ПРЕД ФИТНЕС ЦЕНТАРОТ ВО ЧАИР СЕ ВОДИ КАКО ОБИД ЗА УБИСТВО
05/06/2025 10:27
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против тројца осомничени – двајца браќа и нивен пријател – за кои постои сомнение дека се обиделе да извршат убиство како соизвршители. Станува збор за кривично дело „убиство во обид“ по член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Настанот се случил вечерта на 1 јуни пред фитнес клуб во скопската населба Чаир. Според обвинителството, конфликтот започнал со вербална расправија полна со навреди и пцовки, која потоа прераснала во физичка пресметка. Во еден момент, првоосомничениот извадил нож и со него го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повредени биле и уште две лица кои се обиделе да интервенираат и да го одвојат напаѓачот од жртвата.
Јавниот обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.




![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

