MKinformer

your daily dose of news

НЕТАНИЈАХУ ИЗБЕГАЛ ОД ИЗРАЕЛ? Неговиот авион слета во Европа, многу блиску до Македонија!

13/06/2025 18:49

Авионот „Криља на Зион“ (Wing of Zion), кој го користи за службени патувања израелскиот премиер Бењамин Нетанијаху, полетал утринава од Израел, во придружба на два израелски борбени авиони, јавуваат странските медиуми.

Медиумите што ја објавија оваа информација нагласуваат дека не е потврдено дека Нетанијаху е во авионот, но сè укажува дека премиерот бил евакуиран од безбедносни причини по нападот на Израел врз Иран.

На социјалната мрежа „Х“, Мат Кенард објави видео со патеката на движење на премиерскиот авион, со текст:

„Претседателскиот авион на Бенјамин Нетанјаху „Крило на Сион“ полета од Тел Авив во 11:22 часот утрово (локално време)

Слета во Атина, Грција, во 13:06 часот

Дали Грција го засолнува бегалецот обвинет за воени злосторства кој штотуку започна напад врз Иран?“

error: Содржината е заштитена од копирање !!