Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен
19/06/2025 13:31
Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани. По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.
„За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.






